Нови 75 случаи со Ковид-19, починати 5 пациенти

Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.



Починати се пет пациенти, еден од Скопје (52 г.), двајца од Куманово (55 г. и 82 г.), еден од Гостивар (62 г.) и еден од Охрид (64 г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројот на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4.946, активни 1.342
• Куманово 1094, активни 255
• Дебар 206, активни 117
• Штип 876, активни 434
• Прилеп 333, активни 51
• Тетово 1064, активни 222
• Струга 458, активни 176
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 275, активни 68
• Кавадарци 81, активни 61
• Гостивар 495, активни 287
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 38, активни 22
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 106, активни 24
• Пробиштип 57, активни 22
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 37, активни 31
• Пехчево 6,
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6,
• Виница 23, активни 19
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 7
• Свети Николе 228, активни 142
• Кичево 177, активни 109
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-56, Клиника „Жан Митрев“-169, Систина со PCR метода -115, Инфективна клиника-7, ГАК-5. Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а еден е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти. Вкупно хоспитализирани се 89 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 167
• Аеродром – 152
• Бутел – 87
• Гази Баба – 133
• Центар – 110
• Карпош – 112
• Сарај – 62
• Кисела Вода – 153
• Ѓорче Петров – 93
• Студеничани – 47
• Шуто Оризари – 112
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 7
• Странец – 5
• Нераспределен- 8.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...