Заев не прифаќа лидерска и на почетокот на следниот месец заминува во Софија

Власта не гледа потреба за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за недоразбирањата со Бугарија. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека доколку на премиерот Зоран Заев му било важно државата да тргне напред, ќе прифател лидерска средба и ќе разговарал за сите отворени прашања.



– Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на која било тема, тој бара начин само како да и наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, изјави вчера премиерот Заев.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одговорајќи на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција рече дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет.

-Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа, изјави Кузеска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски завчера рече дека сериозните прашања, како што се преговорите со Бугарија, се дискутираат на маса на лидерска средба.

-Очекувано беше Зоран Заев да ја одбие иницијативата на претседателот Мицкоски за лидерска средба каде што ќе се разговара за сите важни прашања во државата, бидејќи ќе мора да признае дека Владата и Заев се поразени на сите полиња, надворешен план, здравство, економија, образование, корупција и се останато, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев на почетокот на ноември заминува за Софија во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020, каде ќе има средба со неговиот бугарски колега Борисов, на која се очекува да се постигне одредено приближување на позициите.

– Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и верувам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи, потенцира Заев, кој нагласува дека кога ќе има излезни решенија со Бугарија веднаш ќе бидат соопштени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...