Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини

Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини.



Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека сите работи се кажани и објавени јавно. Рече дека се проверува начинот за декласификација на документите за набавка и наскоро во соодветна процедура тие ќе се декласифицираат.

– Сметам дека ваквите клевети воопшто не се соодветни и не одат во насока на конструктивноста. Напротив, сакаат да го поткопаат целокупниот легитимитет на нашата држава и пред Кина и пред меѓународните фактори, изјави Филипче.

Засега, во земјава не се размислува за опцијата да се вакцинираат граѓаните без термини и да им се даваат ваучери на вакцинираните како што е тоа случајот во соседна Србија.

– Сега сме во фаза кога апелираме граѓаните да се пријавуваат на сајтот. Количината ва вакцини во Србија како единствена земја во светот која им е на располагање на граѓаните е многу поголема од онаа што ние ја имаме во моментот. Кога ќе го постигнеме тоа ниво, може целосно да ги отвориме пунктовите, рече Филипче.

Соопшти дека сега приоритет во вакцинирањето ќе имаат трансплантираните и пациентите на дијализа и верува дека овој процес тоа ќе се заврши до викендот, а сите останати ќе се вакцинираат согласно Националниот план за имунизација.

Во однос на вакцината на „Астра Зенека“ рече дека засега нема промена во ставот таа да се дава на лица постари од 60 години. Нагласи дека не се земаат предвид само искуствата од Германија која од вчера дозволи оваа вакцина да се дава на сите возрасти, туку предвид се земаат и искуствата од други европски држави.

Прашан зошто државата се одлучи да набави 500 илјади дози од кинеската вакцина „Синовак“ за која се тврди дека ефикасноста е околу 50 проценти, Филипче рече дека публикациите кажуваат оти ефикасноста на оваа вакцина е многу поголема, односно над 70 проценти.

– Се одлучивме за оваа вакцина бидејќи не постои друга вакцина од друг производител која може наденаш во толку голема количина да стигне за краток временски период во нашата земја, рече Филипче.

Дополнителни пунктови во текот на следната недела се очекува да бидат отворени во Велес, Прилеп и Струмица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...