Грција дозволи влез преку граничниот премин „Евзони“ со посебен протокол за влез

Од 13 часот денеска е дозволен влез во Република Грција и на граѓаните од Република Северна Македонија преку граничниот премин „Евзони“, соопшти МВР.

За влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, 14 дена поминати од ревакцина, признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до пет години не е потребен ПЦР тест. Тие што ќе патуваат ќе мора да пополнат и електронска пријава еден ден пред да патуваат.

– Од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13:00 часот е дозволен влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП „Евзони“. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да остварат влез во Република Грција преку ГП „Евзони“ со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до пет години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ, се посочува во соопштението од МВР.

Оваа мерка, како што се наведува, ќе се применува до 24 мај 2021 година односно понеделник, при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП „Евзони“ ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист, се посочува во соопштението од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...