Димитров: Деновиве очекуваме засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска изјави дека овие денови се очекува засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ, со цел одржување на првата меѓувладина конференција.



– Има извесни контакти на различни нивоа. Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што почна германското претседателство. Со оглед на тоа што од таму не се сосема најавени јавно активностите, мислам дека не треба да одам повеќе во детали, меѓутоа треба да знае јавноста дека очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство, истакна вицепремиерот.

Димитров најави дека овие денови ќе има и средби и оти не смееме да претстанеме да се надеваме и немаме луксуз да креваме раце.

-Точно е дека е предизвик техничката Влада, но потоа има едни избори, кај нас, други избори кај соседите, трети избори во големи земји-членки. Многу е важно да има пробив, многу е важно и за ЕУ да се одржи довербата дека ЕУ е сериозна кога зборува дека ние ќе бидеме дел од Европа, подвлече Димитров.

Во однос на тоа дали Грција може да понуди помош во решавањето на проблемот со Бугарија, Димитров речедека сите земји членки можат да ни помогнат, но најприродна ситуација е кога нашите најголеми поддржувачи ќе бидат токму нашите соседи.

-И Грција и Бугарија имаат најголем интерес нашата европска приказна да успее и тие ќе имаат директна добивка на некој начин токму како наши комшии. Со оглед на контекстот и целата сага, генерациите што ги изгубивме мислам дека е важно и Грција да биде една од државите што силно ќе го поддржува почетокот на пристапните преговори со одржување на првата меѓувладина конференција, рече вицепремиерот за европски прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...