Препорака за трета доза вакцина за граѓаните над 60 години

Трета доза вакцина се препорачува да примат сите граѓани на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возраста и сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба без оглед на возраста. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа се новите препораки на Комитетот за имунизација со чии членови вчера одржал состаноци.



Согласно сознанијата кои ги имаме досега, посочи министерот, таа трета доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“. Потенцира дека ќе следат понатаму дали ќе има други препораки за вакцини од други производители.

– Сите граѓаните кои примиле втора доза во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат на СМС порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина. Нема потреба да се заминува во странство за трета доза вакцина. Даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории граѓани кои треба да се вакцинираат. Значи сите граѓани без разлика на тоа со која вакцина се иницијално вакцинирани може да се вакцинираат со трета доза вакцина. Има вакцини доволно во кој било пункт. Овој процес ќе започне од понеделник поради тоа што некои работи да се спремат во електронскиот систем, појасни Филипче.

Потенцира дека очекуваат овие денови и официјално Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини од производителот „Џонсон“, вакцина која има рок до 2023 година.

Тој најави дека следните денови детално ќе ја презентираат методологијата за скринингот за тестирање на учениците во основните и средните училишта. – Факт е дека има тука одредена трансмисија многу мала, меѓутоа сакаме да направиме скрининг на состојбата поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители, додаде Филипче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...