Над две третини од граѓаните не веруваат дека може да влијаат врз одлуките во општината и државата

Граѓаните немаат доверба и во голема мера сметаат дека не можат да влијаат на случувањата во општината во која живеат и државата, покажуваат податоците од телефонското и онлајн истражување со граѓани и граѓански организации, презентирано денеска на онлајн конференцијата „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни групи“.



На прашањето „Колку можете да влијаете врз одлуките што се носат во вашата општина и држава?“ – најголем дел – над две третини одговориле дека „не можат“ и тоа 65% во општината во која живеат, 75% во Градот Скопје и 76% на ниво на државата, додека само четири проценти сметаат дека можат да влијаат врз одлуките во општината во која живеат, два проценти во Градот Скопје и три проценти во државата.

Интересно е дека незначително се зголемен бројот на граѓани кои сметаат дека не можат да влијаат врз одлуките на национално ниво и тоа за 9 проценти во однос на 2020 година.

Истражувањето, исто така, покажува дека секој четврти граѓанин верува дека процесот на преговори со ЕУ значителчно ќе го подорби животот.

На прашањето „Дали сметате дека процесот на пристапни преговори со ЕУ ќе го подобрат животот на граѓаните во нашата земја?“ – најголем дел 34% одговориле „да, до некаде“ и 30% „да, значително ќе го подобри“, наспроти 31% кои одговориле „не, нема да го подобри“ и пет проценти кои рекле „не знам“.

Истражувањето покажува намалување на процентот на граѓански организации кои веруваат дека имаат можност да учествуваат во процесот на ЕУ интеграција – 61% во 2022, наспроти 66% во 2021 година.

На прашањето „Дали вие лично сметате дека учеството на граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграции е …“, најголем дел 44% одговориле – „делумно, ненавремено и не доволно информирано“, потоа 38% рекле „незначително, формално и селективно“, наспроти само 18% кои рекле дека тоа е „значително, навремено и информирано“.

Конференцијата се одржува во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“ кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.

Податоците од серијата истражувања ги презентираа Тања Иванова и Блажен Малески од Реактор – Истражување во акција.

Истражувањето е спроведено во периодот август-октомври 2020 година, август-октомври 2021 и февруари-март 2022 година. Анкетата за ставовите на граѓаните е спроведена телефонски на национален примерок од 1.300 испитаници, додека за граѓанските организации со онлајн истражувања во кои се опфатени 113 граѓански организации во првиот бран, 67 во вториот и 90 во третиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...