Лазаров: Договорот за струја со Бугарија се финализира, од јануари зголемен проток на природен гас

Договорот за електрична енергија со Бугарија се финализира и се очекува во најскоро време да се реализира, а од јануари преку интерконекторот во Жидилово ќе има и зголемен проток на природен гас кој ќе доаѓа од Азербејџан или од Александопулос, изјави денеска претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кире Лазаров.



Во изјава за медиумите, Лазаров рече дека има сериозни индиции оти договорот за постојан проток на 200 мегавати електрична енергија од Бугарија ќе се реализира. Проблемот што тој досега не е финализиран, како што посочи, е кај нас бидејќи нашите транформатори не можат да издржат.

– Договорот за испорака на 200 мегавати постојан проток електрична енергија од Бугарија се финализира и во текот на најголемата потреба имаме сериозни индиции дека ќе се реализира. Проблемот е кај нас бидејќи нашите транформатори не можат да издржат и затоа се купува транформатор за РЕК Битола, изјави Лазаров.

Во делот на снабдувањето со природен гас, Лазаров вели дека од 1 јануари преку интерконекторот во Жидилово ќе добиеме 30 проценти повеќе од капацитетот што во моментот го нуди руски „Газпром“.

– За гасната врска меѓу Ќустендил и Скопје преку која се пренесува руски гас и која 100 проценти е закупена од „Газпром“ во наредните 20 години, изнајден е начин како да се пуштат околу 30 проценти гас повеќе од рускиот капацитет што е закупен преку зголемување на притисокот во таа цевка. Со тоа зголемување на притисокот, ќе се овозможи поголем проток на гас без да се засегнат руските интереси, вели Лазаров.

Според него, земјава ќе има бенефит од овие два проекта со Бугарија, а природниот гас нема да биде со помала вредност.

– Молекулата на гас препознава калоричност, не препознава дали е руски, азербејџански или било каков друг гас. Се гледа колку калории може да се извлечат од една молекула гас, изјави Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...