Ефтим Клетников е автор на наградената поема „Гоја на пат за Алба“

Скопје, 7 септември (МИА) - Поетот Ефтим Клетников е автор на поемата „Гоја на пат за Алба“  која вчера ја доби наградата „Григор Прличев“ за 2007 година од редакцијата „Детска радост“ при „Просветно дело“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

„Детска радост“ денеска го соопшти името на наградениот автор кој на Конкурсот беше пријавен под шифрата „дијамант“. „Гоја на пат за Алба“ едногласно беше избрана од жирито во состав  Драги Михајловски, претседател, и Венко Андоновски и Никола Маџиров, членови.

Михајловски вчера на прес-конференција рече дека наградената поема е најстандардна од сите пристигнати, и жанровски и стилски, и дека е напишана од автор кој мајсторски го познава занаетот.

Оваа година на конкурсот биле пријавени 14 ракописи, од кои во потесен избор влегле и „Девет икони“, „Корава орница“ и „Сказна за сенката“, а ракописот „Разголена црнина“  е дисквалификуван од жирито зашто не го исполнил критериумот за обем - да содржи 912 стиха колку што има „Сердарот“ на Григор Прличев по кого е именувана наградата.

Клетников ќе добие статуетка и паричен износ од 1.500 евра кои ќе му бидат врачени на 6 февруари идната година во Охрид во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“.

Авторот е роден во село Негрево во 1946 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Историја на југословенските книжевности со славистика. Објавил повеќе книги, меѓу кои „Зраци и самраци“, „Окото и Темниот“, „Маж и жена со лице спроти ѕвездите“, „Живиот камен“, Златна рипка“, „Лик и одраз“, „Островот Хипнос“... Преведува од руски, француски, словенечки, бугарски, српски и од хравстки јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...