вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Во неутешна болка одбележан денот на раѓањето на Тоше

Крушево, 25 јануари (МИА) - Точно во 11.15 часот, кога пред 27 години е роден Тоше Проески, на неговото вечно почивалиште денеска се одржа панихида и молитва за душата на ангелот.

Неговите родители и блиските во неутешна болка заедно со пријателите, соработниците, со стотиците обожаватели и почитувачи на Тоше, беа збрани во болката и тагата што Тој, сјајната ѕвезда, не може да го прослави својот роденден.

Панихидата со молитвата за душата на Тоше ја одржаа поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со владиците Петар и Климент.

- Се собравме заедно да се помолиме за покој на душата на Тоше. Не стивнува болката секаде каде што Тоше се појавуваше. Да се помолиме Мајката Божја да го има во закрила. Бог да му подари рајска населба, а на неговото семејство мир и утеха, истакна владиката Петар.

На гробот на Тоше беше донесена и роденденска торта. Само свеќите во форма на бројот 27, недоживеаните години на Тоше, светеа за ангелот. А на тортата беше запишано „Ангелу наш најмил, остави многу празни страници. Дај ни бар сила ние да ги допишеме, наместо тебе и да ја зачуваме твојата цреша жива. Да можеш бар да се разбудиш, да ни кажеш дали си во свет на љубовта."

Гробот на Тоше беше прекриен со бројни подароци од обожавателите од цела Македонија и од Балканот. Испишани сите стихови на неговите песни, писмата, пораките подароците пристигнаа за роденденот на нашиот Тоше.

Од менаџерката Лилјана Петровиќ и од неговиот бенд стигна ветениот подарок за неговиот роденден - бас гитарата.

Во Македониумот, песните на Тоше ги свиреше неговиот бенд, а ги испеаја учениците од ОУ „Никола Карев“ од Крушево.

- Наместо заедничко радување за роденденот на Тоше, денеска е тажно и болно доживување. Ценето семејство, непреболот во вашите души, нека биде воздишка која извира од сите срца кои денеска, како во сите изминати денови и месеци, бијат со огромната љубов на Тоше. Тој е најсвета рожба на неговите родители, но и рожба на Крушево, на Македонија, богатство на Балканот, Европа и Светот, истакна Стојан Тренчески, хуманист и пријател на Тоше.

Тој ја промовираше и новата фондација што ја формира родното Крушево. Фондацијата „Тодор Проески“, ќе ја раководи неговиот татко Никола. Основните цели на Фондацијата ќе бидат да ги негува споменот и делото на Тоше, на човекот кој им припаѓа на сите. Да ги негува музикалната, продукциската и уште повеќе човечката мисла за хуманост. А хуманата мисија на Тоше продолжува понатаму.

Внукот на Тоше, Кристијан ја откри бистата на својот вујко која ја изработи скулпторот Митко Ташев и која му ја подарува на семејството Проески. Кристијан на роденденот на својот вујко доби подарок, токму ветен од Тоше. Ветените тапани ги доби од бендот на Тоше и од продукцијата Аворд. Кристијан од актерката и пејачката, пријателка на Тоше, Антонија Шола и од Мирослав Поповиќ го прими и подарокот од Хрватска, наградата за музичар на годината за 2007, која едногласно на Тоше му ја доделија хрватските медиуми.

Од пријателите на Тоше од Варна, Бугарија, стигна и слика со портретот на Тоше, која со солзи во очите и бакнеж ја зема неговата сестра Дора.

Градот Крушево денешниот ден 25-ти јануари го прогласи за Ден на хуманоста на градот.

- Болно е за сите нас што го нема Тоше. Можеме само да го паметиме неговиот роденден и само да речам: да се сакате сите како што Тоше тоа го рече. Родендените Тоше ги славеше заедно со родителите, најблиските, со нас соработниците. Му го подарував тоа што знаев дека го посакува целата година. И на крајот ќе го изненадев со уметничка слика, со се што сакаше, изјави менаџерката Лилјана Петровиќ.

Оваа година, рече Петровиќ „му ветив бас гитара. Му ја ветивме со бендот. И ја донесовме. Се што Тоше има е дел на семејството кое несебично ќе ги отстапи за Музејот на Тоше за да допрат до сите. За нас единствено останува да ја исполниме желбата на Тоше: Да си простуваме, да имаме разбирање и љубов меѓу нас“.

Славен Ристески, зетот на Тоше ја спомена желбата на македската мега ѕвезда, која се исполни денеска, но за жал без Тоше.

- На 29-ти декември требаше на внукот Кристијан да му ги донесе тапаните. Порачани беа од Љубљана. Бендот и Аворд продукција ја исполнија желбата на Тоше, рече Ристески.

Пријателката и колешка на Тоше, Антонија Шола дојде од Хрватска.

- Дојдов и денеска на роденденот на мојот колега и пријател Тоше. Тешко е. На внукот на Тоше, Кристијан, му оставив мал крст.

Мирослав Поповиќ дојде во името на хрватските медиуми да го донесе признанието Кристална пирамида за најдобар музичар за 2007 што Тоше го доби.

- Едногласна беше одлуката на медиумите. Тоше безрезервно го заслужи тоа, рече Поповиќ.

Во Домот на културата во Крушево денеска беше отворена изложбата на 27-те фотографии кои од Спомен собата на Мајка Треза од Скопје се пресели во овој град. Изложбата носи наслов „Солзо недосолзена, песно недопеана“.


Сродни вести
Sarah Jessica Parker, urren gratë shumë më të reja se ajo.
„The Hardest thing“ од Тоше од 1 јуни на MTV Адриа
Обожавателите на Тоше ги бојкотираа наградите „Порин“ во Хрватска
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески
И "бубата" на Тоше во спомен-куќата во Крушево
Станот на Тоше – се е исто само него го нема
„Златен медал на хуманоста“ постхумно за Тоше
Бизарен албум со сликички од Тоше
Вечер на Тоше на Беовизија
Роденденот без Тоше
Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи