петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Зелена парламентарна лоби група: Денот на дрвото е манифестација за 365 дена во годината

Матка, Скопско, 12 март (МИА) - Денот на дрвото нема да биде манифестација само за еден ден - 12 март, туку 365 дена во годината, порачаа претставниците на Зелената парламентарна лоби група денеска на локалитетот Матка каде засадија дрвца.

Членот на оваа парламентарна група, пратеникот Маријан Додовски истакна дека ова е многу значаен ден за Македонија, ден кој треба Република Македонија да ја стави во групата на држави кои се грижат за животната средина, за своето потомство и за глобалните климатски промени. На денешниот ден Македонија во пракса покажа дека ја поддржува поговорката „Мисли глобално, делувај локално“.

- Денеска ќе испратиме силна порака до целиот свет дека Република Македонија, иако е мала земја по површина, сепак, е горда и знае да прави големи дела, рече Додовски.

Пратеничката Лилјана Поповска истакна дека парламентарците денеска засадуваат дрвца за нашата иднина, без разлика на кои партии припаѓаат и на која религија.

- Сите се согласуваме дека ова е вистинскиот начин како да се одработи за Македонија, рече Поповска.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи