„Меѓаши“ бара одговорност од генералниот секретар на Детската амбасада за сите деца Дамјан Стојаноски

Скопје, 31 март (МИА) - Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска преку соопштение најостро реагира и бара одговорност од Дамјан Стојаноски, генерален секретар на Детската амбасада за сите деца  од Прилеп за тридневното малтретирање на деца низ аеродромите во Белград и Ерусалим, неодговорното организирање на групната посета на деца во Ерусалим без визи, за наплата на аердромски услуги на децата по 70 евра за аеродромски такси и за лошиот однос кон децата во ова туристичко патување.

Воедно „Меѓаши“ бара од Јавниот обвинител и Министерството за внатрешни работи да испитаат дали Дамјанчо Стојаноски има одобрение од родителите за патување на нивните деца во Израел и да ја проверат неговата изјава дадена во јавност дека имал уредни документи за влез во Израел.

- Бараме од Јавниот обвинител да покрене кривична постапка по службена должност за организаторот Дамјанчо Стојаноски, кој е законски застапник и да го преиспита постоењето, целите и целисходноста на работата на прилепската Детска амбасада За сите деца во светот, како и да испита со каква цел и намера ги однел децата во Ерусалим. Бараме од Управата за јавни приходи и независна ревизорска куќа да изврши контрола на финансиското работење на оваа граѓанска организација од Прилеп за сите добиени спонзорства од социјално одговорни претпријатија дали се користени согласно намената како и за сумата од 12.000 евра за која самиот Дамјанчо Стојаноски изјави дека ги дал од свој џеб, се вели во соопштението од „Меѓаши“.

Со непреземање на одговороста од страна на Дамјанчо Стојаноски, „Меѓаши“ смета дека се нарушува и угледот на Македонската православна црква кај граѓаните која се јавува како покровител на овој настан.

- Децата се под посебна заштита на Уставот на Република Македонија, Конвенцијата за правата на детето и другите закони во Македонија каде што се загарантирани правата на децата и се води посебна грижа за најдобрите интереси на децата, се наведува во соопштението од „Меѓаши“.

Група од 50 членови меѓу кои деца на загинати родители, деца без родители, деца од македонската православна богословија, кои на 26 март тргнаа во посета на Израел, на пасошката контрола на аеродромот во Тел Авив не им беше дозволено да влезат во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...