Издадена монографија за гевгелискиот комита Петар Каркалашев

Гевгелија, 21 април (МИА) - Интересна, историска и поткрепена со записи и преданија е новата монографија посветена на гевгелискиот револуционер Петар Д. Каркалашев (1874-1905) која излезе од печат во авторство на неговиот внук Ѓорги Каркалашев - пензиониран професор по историја и публицист.

Делото според зборовите на авторот има цел „не да направи мит за комитата и четник Петар, кој со својот татко Дељо по иницијатива на Гоце Делчев го формира  месниот комитет на ВМРО во Богданци 1895 година, туку да му се оддолжи семејно и национално за неговото  револуцинерно дело“.

Во текот на создавањето на монографијата авторот користел материјали од Архивот на Република Македонија и Централниот државен архив во Софија. Вратите му биле затворени пред Македонскиот национален институт во Софија со зборовите „Ти сакаш од бугарски херој да направиш Македонец!?“. Поради тоа делото е осиромашено со бугарското присвојување на револуционерните активности на гевгелискиот комита, кој во еден период од животот се образувал во Софија. Своите напредни идеи за македонската самобитност ги стекнал за време на школувањето во Солун, а потоа во Белград.

По ѕверското убиство на неговиот постар брат Иван на 19 години заминал во четата на гевгелискиот војвода Сава Михајлов, станувајќи подоцна негов секретар.

Животот го положил во борба со турскиот аскер, заедно со Савата, во местото Смоил, ениџе-вардарско, денешна Грција кога останувајќи без муниција си го одзеле животот и заедно умреле прегрнати.

Монографијата е издадена по повод 100-годишнината од неговата смрт, како белег на неговиот револуционерен живот и дело, зошто на местото на битката каде што е погребан во Смоил денес не постои негов гроб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...