
|
 |
Вести / Македонија
По изборите, државата да се фокусира на реформите потребни за ЕУ интеграција
Скопје, 9 мај (МИА) - Македонија до крајот на годинава може да ги исполни сите критериуми за либерализација на визниот режим, изјави денеска евроамбасадорот Ерван Фуере кој присуствуваше на манифестацијата на плоштадот „Македонија“ по повод 9 Мај - Денот на Европа.
- Македонија постигна прогрес во многу области и направи значителни напори во постигнувањето на стандардите за визна либерализација. Вчера беше направен уште еден значаен чекор во овој процес што е од корист за македонските граѓани, бизнисмените, новинарите... Направен е значаен напредок, воведени се биометриски пасоши..., што е добар индикатор дека процесот ќе заврши брзо, рече Фуере.
Тој очекува по парламентарните избори, државата целосно да се фокусира на реформите што ќе и овозможат добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Тоа, како што посчи, ќе зависи од желбата на сите политички лидери, од Владата... да се одработи потребното.
Евроамбасадорот претходно, на конференцијата „Европски ден на претприемништвото 2008“, истакна дека Македонија без сомнение ќе добие датум за почнување преговори за членство во Унијата оваа есен ако, како што рече, ги исполни осумте задачи дадени од ЕУ.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|