сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Вести / Македонија

Велешките пожарникари добија донација од противпожарни друштва од Велика Британија

Велес 9 мај (МИА) -  Противпожарната единица од Велес денеска доби противпожарна опрема од  противпожарните друштва во Велика Британија, вредна околу 20 илјади евра.

Помошта се состои од едно противпожарно возило „Волво“ со целосна опрема, едно комбе за пренос на компресор за полнење апарати за дишење, компресор за апарати за дишење, 13 метарска и две помали скали за акции за спасување, апарат са спасување во случај на несреќи, униформи, црева и друга опрема, како и еден компјутер.

- Со оваа опрема и знаења што во наредните три недели ќе ги стекнат нашите пожарникари верувам  дека ќе бидат постручни, поспособни и поопремени за да спасат многу човечки животи и материјални добра во пожарите и сообраќајни незгоди, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски, заблогодарувајќи им се на донаторите.

Одговорниот  за опремата и возилата Џејмс Копли од Велика Британија рече дека ќе ги обучата велешките пожарникари според примерот на кој работат нивните британски колеги. 

- Се надевам дека и ние  многу ќе научиме од искуствата на  македонските пожарникари, додаде Копли.

Помошта се реализира во рамките на проектот „Флоријан“ за донирање на противпожарна опрема, а освен во Велес, се реализира и во Свети Николе, Скопје,Гостивар и Тетово.


Наjновo од Вести
Не може една држава да има монопол над име
Да не наседнуваме на грчките провокации
Советници на ВМРО - НП преминаа во редовите на ДПМНЕ
Двоен инцест во финско семејство
Црна Гора го претстави новиот пасош
Македонски иноватори наградени на меѓународната изложба
Три лица загинаа во Турција при експлозија на мина
Велешките пожарникари добија донација од противпожарни друштва од Велика Британија
Предавање на министерот Јанакиевски на Економскиот факултет во Прилеп
Социјалната слика на Македонија не е поволна
По изборите, државата да се фокусира на реформите потребни за ЕУ интеграција
МОФ бара реформи во високот образование и независен Студентски парламент
Во Дебар одбележан Денот на победата над фашизмот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи