
|
 |
Вести / Македонија
Предавање на министерот Јанакиевски на Економскиот факултет во Прилеп
Скопје, 9 мај (МИА) - Активностите и функционирањето на Министерството за транспорт и врски беше темата на предавањето што министерот Миле Јанакиески го одржа денеска пред студентите и наставниците на прилепскиот економски факултет.
- Во тек се повеќе активности во Министерството. Досега над 20 компании подигнале документација на тендерот за давање под концесија на аеродромите во Скопје и во Охрид. За десетина дена треба да се отворат понудите и се очекува од 1 до 10 јули да биде избрана компанијата која ќе стопанисува со македонските аеродроми со обврска за изградба на карго аеродромот во Штип и да инвестира околу 200 милиони евра, рече министерот Јанакиевски и најави дека се планира тој да прерасне во цивилен.
Покрај начинот на функционирање на Министерството, Јанакиески на студентите и на наставнонаучниот кадар на факултетот ги информираше за инвестициите кои се однесуваат на прилепскиот регион, меѓу кои изградбата на третата лента на патот Прилеп-Градско, изградбата на 70 социјални станови и на една комерцијална станбена зграда, како и урбанизирање на прилепската касарна за каде е планирано формирање индустриска зона.
-Во тек е усогласување на работата на Министерството со европските регулативи, при крај е проектот за пречистителна станица за отпадните води што ќе се гради во Прилеп и за што ќе се конкурира во европските фондови. Од таму, вели Јанакиески, се очекуваат и околу 40 милиони евра за изградба на коридорот 10.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|