сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Социјалната слика на Македонија не е поволна

Скопје, 9 мај (МИА) -  Со бројка од 361.000 невработени и од околу 70.000 корисници на социјална помош социјалната слика во Македонија е неповолна, но постои тенденција на подобрување, оцени министерот за труд и социјална политика Љупчо Мешков на денешната прес-конференција на која го претстави годишниот билтен на Министерството насловен „Социјалната слика на Македонија“.

- Социјалната слика во РМ е неповолна, но со тренд на подобрување. Сигурен сум дека со проектите и заложбите на Владата и со проектите зацртани во Програмата, од ден во ден од месец во месец социјaлната слика во Макеоднија ќе се подобрува, рече Мешков 

Според него, бројката на невработени не ја одразува реалната слика, бидејќи голен дел од нив се пријавуваат во Агенцијата за вработување заради остварување право на сини картони.

- Иако во последниот квартал бројката на невработени ја намаливме за околу 6-7.000 лица, од вкупно 361.000 невработени ние имаме изјава од 80.000 лица дека не бараат активно работа. Тоа не се вклопува во дефиницијата на ЕУ за невработеност. Станува збор за луѓе кои егзистираат од земјоделие и во сивата економија кои се пријавуваат за невработени заради добивање сини картони. Така што точната бројка невработени не може да ја даде ниту една институција, вели Мешков. 

Според него, проценките говорат дека таа бројка на лица се движи меѓу 60 и 100.000 лица, а проблем е и што добар дел од нив одат во центрите за социјална работа и успеваат да издејствуваат во некои случаи и социјална помош. Ваквите обиди за изигрување на законот треба да бидат спречени во што, како што вели, помага Социјалната инспекција, а многу ќе помогне електронското поврзување на Министерството со други институции што треба да се реализира наскоро и да овозможи побрзо добивање информации важни за признавање на имотните права.  

Мешков подвлече дека најмногу загрижува фактот што голем дел од невработените поради ниската квалификациона структура се неатрактивни на пазарот на работната сила.     

Во публикацијата  „Социјалната слика на Македонија“, е даден отчет за активностите во Министерството во изминатиот двегодишен период, со наведување на главните проекти реализирани или во фаза на реализација за подобрување на социјалната слика во државата, како и на новините што се воведени во посочениот период. Меѓу нив, се посочени процесот на деинституционализација односно сместување на лицата со посебни потреби во мали дом-семсјства или мали групни домови во кои ќе се повлекуваат овие лица од постојните домови согласно европското законодавство и трендот во развиените земји, отворањето на народните кујни во 30 општински центри, воведувањето на третиот столб, односно доброволното пензиско осигурување во рамки на реформите во пензискиот систем, за чие целосно заокружување преостанува уште донесување на измените во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Покрај низата закони за хармонизација со ЕУ-законодавството, Мешков особено го подвлече воведувањето на Социјалната инспекција и заштедата на буџетските средства остварени од нејзино работење. Стратегијата за демографската политика на РМ, е исто така посочена како документ кој на долг рок треба да помогне системски во решавање на проблемот на намалениот наталитет, стареењето на населението и проблемите што ги предизвикува овој процес, а во кој се содржани низа мерки и активности како и рокови за нејзнино остварување во кое треба да бидат вклучени повеќе министерства. 

На новинарско прашање за најавеното намалување на придонесите на пензиското осигурување од 21 на 15 отсто и дали тоа ќе се одрази на висината на пензиите, министерот Мешков посочи оти тоа е резултат на барањата и заложбите на ММФ и на меѓунардоните финансиски институции за да се создадат што поповолни услови за работодавачите за нови вработувања, со оглед дека невработеноста е најакутен проблем.   

- Факт е дека во наредниот период мора да се оди на намалување на тие стапки и давачки пред се поаѓајќи од подобрената материјална состојба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Фондот бележи позитивни финансиски резултати односно наплатата на придонесот е зголемена за 12 отсто и сето тоа заедно со заложбите за намалување на давачките на работодавачите е во насока на подобра вработеност, рече Мешков.

Тој посочи дека Владата веќе зацртала и постепено исфурлување на минималната основица за плаќање на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување на што инсистира и ММФ и СБ.

- Во моментов минималната основица е 65 отсто од просечната плата во РМ. Веќе во наредната година се предвидува таа да биде 50 проценти во пензиското, исто како и во здравственото осигурување, со што се постигнува намалување, но и хармонизација на најниската основица. Во наредните четири до пет години минималната основица треба да исчезне во системот и да преовладува екононскиот, а не социјалниот критериум, односно вработениот колку што заработува и плаќа толку и да добива, рече Мешков.

Ова прашање во наредниот период ќе биде цел на финансиски анализи, а во транзициониот период можеби ќе треба да учествува и Буџетот, затоа што вели министерот за труд, минималната основица ќе се укине, но затечените права ќе мора и понатаму да се исплаќаат.


Наjновo од Вести
Не може една држава да има монопол над име
Да не наседнуваме на грчките провокации
Советници на ВМРО - НП преминаа во редовите на ДПМНЕ
Двоен инцест во финско семејство
Црна Гора го претстави новиот пасош
Македонски иноватори наградени на меѓународната изложба
Три лица загинаа во Турција при експлозија на мина
Велешките пожарникари добија донација од противпожарни друштва од Велика Британија
Предавање на министерот Јанакиевски на Економскиот факултет во Прилеп
Социјалната слика на Македонија не е поволна
По изборите, државата да се фокусира на реформите потребни за ЕУ интеграција
МОФ бара реформи во високот образование и независен Студентски парламент
Во Дебар одбележан Денот на победата над фашизмот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи