сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Македонски иноватори наградени на меѓународната изложба

Скопје, 9 мај (МИА) - Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје освои сребрен медал на Меѓународната изложба за пронајдоци "Изумителство - Белград 2008".

Наградата со ликот на Никола Тесла во областа „Пронајдоци“ е доделена за „Нервно инферентен двоножен робот“ чии автори се Драган Аврамовски, Мирослав Павлевски и Александар Цветановски.

Со признание се врати и Технолошко металуршки факултет кој, исто така, освои сребро, но во областа „Нови технологии“ за „Одредување геометриски параметри на кристализатори и технолошки параметри на процеси за континуирано лиење алуминиумски правоаголни профили“.

Бронза со ликот на Никола Тесла во областа „Нови технологии“ доби и Александар Цветановски за „Развоен систем за микроконтролори од фамилија Пик микро“.

Меѓународната изложба на пронајдоци се одржа во белградскиот Етнографски музеј од 5 до 9 овој месец.


Наjновo од Вести
Не може една држава да има монопол над име
Да не наседнуваме на грчките провокации
Советници на ВМРО - НП преминаа во редовите на ДПМНЕ
Двоен инцест во финско семејство
Црна Гора го претстави новиот пасош
Македонски иноватори наградени на меѓународната изложба
Три лица загинаа во Турција при експлозија на мина
Велешките пожарникари добија донација од противпожарни друштва од Велика Британија
Предавање на министерот Јанакиевски на Економскиот факултет во Прилеп
Социјалната слика на Македонија не е поволна
По изборите, државата да се фокусира на реформите потребни за ЕУ интеграција
МОФ бара реформи во високот образование и независен Студентски парламент
Во Дебар одбележан Денот на победата над фашизмот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи