
|
 |
Вести / Македонија
Советници на ВМРО - НП преминаа во редовите на ДПМНЕ
Шест советници на ВМРО - Народна преминаа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Причина за трансферот на советниците инаку, на средба со новинарите ја образложи досегашниот локален лидер на ВМРО - Народна, Владо Карашов, пренесува дописникот на Нетпрес.
Потребата од безрезервна поддршка за преродбата на коалицијата за подобра Македонија , а во исто време и окрупнување на десницата, е мотивот за трансферот, објасни Карашов.
Одлуката за трансфер советниците ја обелоденија пред почетокот на редовната седница на советот. Во ВМРО - ДПМНЕ помина и советникот на општинската канцеларија на партијата на Тупурковски-ДА, а кон новото советничко мнозинство се приклучи и советникот од ВМРО-Македонска.
Со ваква конституција сега штипскиот Општински совет мнозинството со 14 советници го чини коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, а остатокот од осум е на коалицијата предводена од СДСМ.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|