сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Да не наседнуваме на грчките провокации

Овие избори закажани во овој момент сепак предизвикаа пролонгирање на процесот на преговори со Грција барем за одреден период. Ситуацијата на статус кво или период на неслучување ништо на овој план многу повеќе и одговара на Грција, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во врска со застојот на преговарачкиот процес меѓу Македонија и Грција што го предизвикаа предвремените избори.

Тој изрази надеж дека по изборите со интензивирање на темпото, Македонија ќе го надмине пропустот.

“Мислам дека некои предвидувања и ветувања на политичките лидери дека ќе дадат се од себе токму во периодот на предизборната кампања да не се дозволи било каков застој во процесот на преговорите во овој момент не дадоа резултати. Јас се надевам дека по изборите со едно интензивно темпо ќе успееме да го надминеме пропустот“ рече Црвенковски.

Црвенковски порача дека не треба да наседнуваме на грчките провокации. “Не треба на нивните погрешни процеси или на нивните провокации да наседнеме. Мислам дека е од взаемен интерес е работите да стивнат и да се воспостави една нормална атмосфера во сите други области посебно во економската област, настрана од преговорите“ рече Црвенковски.

Во врска со неговиот удел во преговорите со Грција, Црвенковски изјави “Треба да продолжат интензивните контакти на оваа тема. Моја заложба беше Нимиц да ја посети Македонија. Меѓутоа, за да се интензивира процесот, не е потребно само моето залагање. Исто такво залагање треба да дојде од страна на институциите во Македонија за да биде единствен ставот на Македонија, од една страна и залагање од Грција, од друга страна“ .

Според него, со предвремените избори и дадовме на Грција изговор да ги одлага преговорите.


Наjновo од Вести
Не може една држава да има монопол над име
Да не наседнуваме на грчките провокации
Советници на ВМРО - НП преминаа во редовите на ДПМНЕ
Двоен инцест во финско семејство
Црна Гора го претстави новиот пасош
Македонски иноватори наградени на меѓународната изложба
Три лица загинаа во Турција при експлозија на мина
Велешките пожарникари добија донација од противпожарни друштва од Велика Британија
Предавање на министерот Јанакиевски на Економскиот факултет во Прилеп
Социјалната слика на Македонија не е поволна
По изборите, државата да се фокусира на реформите потребни за ЕУ интеграција
МОФ бара реформи во високот образование и независен Студентски парламент
Во Дебар одбележан Денот на победата над фашизмот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи