
|
 |
Вести / Македонија
Не може една држава да има монопол над име
Не може само една држава да има монопол над едно име, кое го определува целиот регион. Тоа не би допринесло на никаков начин за стабилноста на регионот, ниту би ги исполнило условите на Европскиот сојуз и НАТО за добрососедски односи. Ова го изјавила министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани во интервју за австриски весник, соопштува “Навтемборики“.
Според зборовите на Бакојани “Македонија“ опфаќа географски регион од 51 отсто кој денеска се наоѓа во Грција, 38 отсто во Република Македонија и 9 отсто во Бугарија. Според шефицата на грчката дипломатија, Грција веќе изминала половина пат во наоѓање на компромис во спорот со Македонија за името. “Едно заемно прифатливо име ќе го подготви патот за целите на соседната држава во однос на НАТО и ЕУ и истовремено со тоа ќе ја покаже желбата на БЈРМ за нормализирање на односите и со Грција како сосед, важен трговски партнер и сојузник“ изјавила Бакојани.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|