
|
 |
Вести / Македонија
Името “Нова Македонија“
Името “Нова Македонија“ како решение за спорот со името меѓу Атина и Скопје за името на Републиката е јавна тајна изминатите месеци во новинарските канцеларии и странските амбасади, но раководството на Костас Караманлис го држеше како скриена карта до последниот момент, за да може да излезе од безилезната ситуација. Ова се посочува во статијата на грчкиот весник “Елевтерос типос“.
“Предлогот меѓутоа веќе не е скриена карта, а е стремеж на грчката дипломатија, на која се спротивставува опозицијата. Според информациите, на последното заседание на Националниот совет за надворешна политика, грчката министерка за надворешни работи , Дора Бакојани го споменала тоа име и побарала да не се рашири информацијата. Истото се случило и пред средбата на врвот на НАТО во Букурешт при информирањето на сите грчки европратеници во Брисел. Покасно меѓутоа информацијата произлегла од Бакојани, која на интернет објасни дека толкувањето на името “Нова Македонија“ , имало географска определба“ пишува грчкиот весник.
Од тоа, пишува изданието, изненадени беа водечките министри од власта. Бакојани два пати ја остави отворена можноста за прифаќање на варијантата “Нова Македонија“ од страна на власта. Добро информирани извори истакнувале дека, грчката министерка за надворешни работи предложила конкретно име на последнта посета во Вашингтон. Тоа меѓутоа не беше потврдено.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|