
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Дарко Камев назначен за претставник на ССК во Велика Британија
Скопје, 12 мај (МИА) - Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го назначи Дарко Камев за свој претставник во Велика Британија, со цел да се зголеми соработката меѓу македонските и британските компании, како и бројот на туристите од Велика Британија што ќе ја посетуваат Македонија.
Според Венко Глигоров, претседател на ССК, назначувањето на Дарко Камев за претставник во Велика Британија е резултат на големите заложби за извоз на македонски производи на меѓународниот пазар, како и прилив на туристи од Велика Британија и туристи од други развиени земји од Европската унија.
Тој истакна дека во Велика Британија постојат неколку поголеми тур оператори кои ги организираат туристичкита аранжмани за балканските земји и оти Македонија не се наоѓа на нивите туристички мапи.
Дарко Камев живее и работи во Лондон повеќе од 15 години и негова специјалност е маркетингот и воспоставување на бизнис релации. Тој има широк круг на деловни пријатели во Велика Британија и има искуство во меѓународните бизнис релации.
Претставници на фирмите од новоформираната Туристичко-угостителска комора („ТУК“) при ССК неодамна ја посетија Велика Британија и остварија контакти со британските тур оператори. Тие имаа неформална средба и со македонскиот амбасадор во Велика Британија Марија Ефремова.
Огњан Циговски, претседател на ТУК рече дека Македонија располага со природни и културно историски реткости. Според него, ќе бидат претставени нашите природни и вештачки езера, планини, хотели, цркви, манастири, џамии како и можностите за алтернативен туризам, спелеолошките и ловечките друштва од Македонија.
ССК ќе искористи дел од финансиската помош од Британската амбасада во Скопје за да ги донесе најсилните туроператори од Велика Британија и да ги запознае со членките на ТУК и со можностите што ги нуди Македонија за туристите од Велика Британија.
На неодамнешната средба на ССК со владиниот тим на чело со претседателот Никола Груевски, ССК побара Владата да се заложи за поддршка на отворање на директни летови од Скопје за Лондон и неколку други европски метрополи. ССК оствари контакти и со British Business Group во Македонија и постои начелна согласност за лобирање и преговори за вклучување на нискобуџетните европски авио компании во Македонија.
Привлекувањето на зголемен број на странски туристи во Македонија има повеќекратно значење и придобивки. Покрај засилената економска активност на туристичко-угостителските капацитети, туристите се најсериозните кандидати за инвестирање во Македонија, се вели во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|