
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Од денеска почнува со работа вториот фиксен оператор - Онтел
Скопје, 12 мај (МИА) - Од денеска официјално почнува со работа вториот фиксен оператор Онтел, произлезен од компанијата Он.нет, која е во сопственост на Телеком Словенија.
Вториот фиксен оператор на почетокот ќе понуди пакет од 990 денари без ДДВ во кој се вклучени бесплатни неограничени локални разговори во мрежата на Онтел и 300 бесплатни минути разговор кон мрежата на Македонски телекомуникации. Сите 990 денари од пакетот ќе се користат за разговори.
Директорот на Он.нет Предраг Чемерикиќ на денешната прес-конференција со која беше означен почетокот на работата на Онтел, рече дека ќе понудат за 15 отсто поевтини разговори кон мобилните оператори и до 60 отсто пониски меѓуградски и меѓународни разговори.
Приклучокот е бесплатен, а со приклучувањето кон вториот фиксен оператор се менува бројот кој обично ќе почнува на „51“.
Онтел ќе работи со сопствени телефонски централи, притоа користејќи ја мрежната инфраструктура на Македонски телекомуникации. Во почетокот услугите на Онтел ќе бидат достапни само за граѓаните на Скопје, но наскоро се очекува истата понуда да биде достапна и во другите градови низ земјава.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој присуствуваше на официјалниот почеток на вториот фиксен оператор, рече дека зголемената конкуренција во секој сегмент од економијата претставува чекор кон усовршување на понудите и услугите, но и намалување на цените кои граѓаните ги плаќаат за тие услуги.
Тој очекува Онтел наскоро да ја прошират својата мрежа на територијата на целата држава, да понудат уште подобри и поповолни кориснички пакети со кои ќе им излезат во пресрет на потребите на граѓаните и дополнително ќе овозможат развој во оваа сфера на телекомуникациите кај нас.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|