недела, 12.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Ерван Фуере по вторпат во Гевгелија

Гевгелија, 12 мај (МИА) - Во рамките на Евро кампањата за одбележувањето на Денот на Европа во Гевгелија денеска со воз пристигна евроамбасадорот Ерван Фуере.

На средбата со градоначалникот на Гевгелија Драги Делев, тој размени мислења и информации за прекуграничната соработка, посочувајќи ја користа и бенефитот на општината во користењето на европските претпристапни фондови, особено КАРДС-програмата и ИПА-фондовите.

На прашањето од новинарите Фуере се осврна и на инцидентите во започнатиот изборен процес, оценувајќи ги како „загрижувачки, а секој испукан куршум како насилство“.

- По две години од последните избори во Македонија, очекувам државата да има поголема зрелост да организира фер и демократски избори, зошто ова е мнгу важен тест и дополнителен критериум на земјата за влез во Европската унија, додаде Фуере.

Скорешните инциденти кон македонски граѓани во Грција, евроамбасадорот Фуере ги оцени како изолирани случаи, апелирајќи до двете страни да ги вложат сите можни напори за одвивање на непречен проток на стоки, возила и лица, како и да се зачува средината и условите за понатамошно развивање на овој вид прекугранична соработка.

- Не можам да кажам кога Македонија ќе добие олеснување на визниот режим, но минатата недела министерот за надворешни работи Милошоски ја доби мапата, односно планот кој ќе и помогне на земјата за да добие безвизен режим. Инаку, земајта напреднува кога стануав збор за постигнување на стандардите од страна на ЕУ за безвижен режим. Веќе се издадени 200.000 биометриски пасоши и имате развиен систем на меѓугранична соработка, истакна Фуере.

Работниот дел од посетата на евроамбасадорот Фуере на Гевгелија продолжи со панел-дискусија на тема: „Прекуграничната размена, инвестиции, вработување во еврорегионот“, што се одржа во хотелот „Аполонија“, во присуство на голем број претставници од бизнис-заедницата во Гевгелија.


Наjновo од Вести
Коњановски во посета на македонските мировници во Ирак
67 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
Се надеваме дека Скопје ќе ја напушти непопустливоста
Авганистан ќе дозволи напад на фабриките со опиум
Балканот ризикува од нова војна
Србија да беше на местото на Македонија многу порано ќе преземеше ваков чекор
Во Свети Николе почна академската година на Меѓународниот славјански институт филијала во Македонија
Албанија ја поздрави одлуката на Македонија и на Црна Гора за признавање на Косово
Сопрен сигналот на Радио Кочани поради долг кон ЕВН
Почина работникот што падна од скеле во Велес (КРГ)
Во Косово приведени две лица во врска со инцидентот со отстранувањето на граничниот камен
Министерката Јанкулоска го отвори првиот состанок на Управниот комитет за проектот за реформи во полицијата реализиран преку ИПА на ЕУ
Во Кочани голем интерес за вакцината против ХПВ
Македонија одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи