петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Поставени десет нови информативни табли низ Кичево

Кичево, 12 мај (МИА) - Десет нови информативни табли за полесно снаоѓање денеска се поставени во Кичево, кон локациите кај излетничкото место Крушино, Куќата на уметноста, Автобуската и Железничката станица, а од неодамна и на крстосниците во Кичево.

На овој начин луѓето ќе можат да ги посетат споменатите локации без притоа да мора да застануваат и да ги прашуваат минувачите за локацијата која ја бараат.

Од одделението за комунални работи на општина Кичево информираат дека станува збор за донација од десет информативни табли на „Акцент медија“, фирма која на подрачјето на општината има поставено поголем број билборди за кои си ја плаќа пропишаната закупнина.

Покрај информативните табли за познатите туристички локации во општината и на трите крстосници на магистралниот пат, поставени се патокази и кон соседните градови, а на влезот кон градот поставена е голема информативна табла на која пишува „Добредојдовте во Кичево“.


Наjновo од Вести
За преадаптација на штипската филтер станицата потребни се 380 илјади евра
Собранието утре ќе избира нова влада
Презентирани референтните цени на лековите што ќе стартуваат на 1 август
„Жито Караорман“ откупи 6.000 тони пченица
Во Романија ќе се покрене кривична постапка против двајца поранешни министри
Хидроцентралата „Матка“ виновна за поморот на риба во Вардар кај Велес
ЕК деблокира 66 милиони евра од предпристапните фондови за Хрватска
Стечајците во Кичево се пријавуваат за остварување на надоместокот до пензионирање
Цртачи на графити од Франција го разубавија влезот на Тетово
Црвенковски реагира на написи во врска со неговата имотна состојба
Во Штип објавени официјалните резултати од државната матура
Вељаноски ја повика опозицијата да присуствува на седницата за избор на новата Влада
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи