вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Милошоски: МНР ќе упати протестна нота до Грција

Битола, 12 мај (МИА) - Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски изјави дека шефот на грчката канцеларија за врски денеска ќе биде повикана во Министерството за да и биде врачена протестна нота во врска со загрозувањето на безбедноста на државјани на Република Македонија кои патуваат во таа земја.

- Една политика на национализам од неколку политичари во Атина создава една националистичка атмосфера која, за жал, кулминира и со вакви инциденти. Амбасадорката на Грција денес ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи за да и биде врачена протестна нота во однос на загрозувањето на безбедноста на државјани на Република Македонија при нивни приватни, службени или стопански патувања во Република Грција, рече Милошоски во Битола, кој денеска во рамките на изборната кампања има средби со граѓаните од овој регион.  

Сакаме да укажеме, додаде тој, дека за да се развие духот на добрососедство, грчките власти мора да бидат внимателни и да ги преземат сите мерки за да покажат дека се способни на нивната територија, како земја членка на ЕУ, да го применат владеењето на европските правила.

Министерот Милошоски истакна дека во МНР се евидентираат сите атипични појави од страна на Грција кон Македонија и оти за тоа ќе ја известат европската комисија и други надлежни тела во Европската унија.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи