
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Во Прилеп ќе се вработат 24 самохрани родители преку програмата за субвенционирање на самохрани родители и деца без родители
Прилеп, 12 мај (МИА) - Дваесет и четворица самохрани родители ќе се вработат во 18-тина фирми во Прилеп преку владината програма за субвенционирање на самохрани родители и деца без родители.
За тоа фирмите ќе ја искористат можноста државата во наредните шест месеци да ги покрива трошоците од по 12.000 денари месечно, со обврска работниците да ги задржат уште 12 месеци.
- На двата јавни повика се вработија по 12 самохрани родители, претежно мајки но, во три случаи станува збор и за татковци како самохрани родители. Невработените прилепчани се ангажирани во пекарници, во трговијата и во дистрибуцијата, вели Силвана Пашоска, раководителка на Бирото за вработување во Прилеп.
Засега на огласите не се јавиле деца без родители за да ја искористат можноста да најдат работа.
Што се однесува до Програмата за субвенционирање при вработување на лица од 56 до 64 годишна старост, во 20-тина прилепски фирми работа најдоа 22 прилепчани. Државата на фирмите ќе им ги покрива трошоците од по 12.000 денари месечно во наредните шест месеци, со обврска вработените да ги ангажираат уште 18 месеци.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|