вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

MНР упати протестна нота заради запирањето возила и физички напади врз македонски граѓани во Република Грција

12 мај

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека по повод зачестените запирања на возила и физички напади врз македонски државјани во Република Грција, денеска беше повикан шефот на грчката Канцеларија за врски во Република Македонија Александра Пападопулу, при што и беше врачена протестна нота. 

Во нотата се наведува дека во изминатите неколку денови се пријавени три поединечни случаи на насилно сопирање, малтретирање и навредување на македонски државјани во Република Грција, како и  оштетување  на нивните возила од непознати лица. Според нивните сведочења, возачите на товарни возила со македонски регистарски таблички биле сопрени и нападнати, во два случаи во близина на градот Лариса, односно на автопатот Кавала – Солун. Притоа, загрижува што едниот  инцидент се случил во присуство на две возила на грчката полиција, која не презела никакви мерки да го спречи актот на насилство.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија укажува дека со ваквите вандалски чинови, не само што се попречува слободата на движење на лица и стоки, што е една од фундаменталните вредности и принципи на Европската унија, туку и најдиректно се загрозува безбедноста и физичкиот интегритет на македонските државјани, што од своја страна, не придонесува за градење на добрососедски односи и доверба меѓу народите.
 
Со оглед на зачестеноста на инцидентите кои попримаат загрижувачка димензија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, очекува од надлежните грчки органи итно да преземат соодветни мерки, со цел спречување на слични насилства по патиштата во Република Грција.    
     

Министерството за надворешни работи

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговарна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи