вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Започна изградбата на Музејот на вода во Градиште

Охрид, 12 мај (МИА) - Музејот на вода во Градиште на Охридското Езеро ќе претставува не само нова туристичка атракција ретка во светот, туку и сведоштво за илјада години старата цивилизација на овие простори, рече денеска претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски при поставувањето на камен-темелникот за Музејот.

Тој истакна дека според сознанијата и фактите, се работи за напредна цивилизација во тоа време споредена со другите земји и континенти што зборува дека Македонија е древна земја која има што да покаже пред светот, рече Груевски додадавајќи дека „работиме за иднината, но нашата сила и моќ е во минатото и тоа мора да се негува како наша вредност“.

Груевски очекува дека работите на изградбата на Музејот на вода ќе завршат за седум до осум месеци и дека на 8 Декември - Денот на Свети Климент Охридски ќе биде отворен за посетителите.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман рече дека во изминатите осум години се вршени подводни истражувања на овој дел на Охридското Езеро и дека се пронајдени остатоци од наколна населба која датира од бронзеното време од периодот од 1200 до 600 година пред новата ера. Со изградба на Музејот на некогашната наколна населба праисторијата ја враќаме во денешно време, рече Кузман.

Предвидена е изградба на платформа со седум до осум дрвени куќарки, која ќе биде поставена на 900 дрвени колци, а населбата ќе се вика „Мичов Град“ според раководителот на нуркачкиот клуб „Охрид“ Милутин Секулоски - Мичо. Овој дел каде што ќе се наоѓа Музејот на вода ќе биде поврзан со откопаниот Римски логор кој исто така се наоѓа во Градиште во месноста викана Кула.

Почетокот на работите на изградбата на Музејот на вода во Градиште и поставувањето на темелите ги освети отец Димче Георгиевски - Отец Диме од Охридската епархија.


Наjновo од Вести
Продолжение на амандманската расправа по Предлог - буџетот за 2009
Агенцијата Муудис предупредува дека турската економија без спогодба со ММФ ќе западне во рецесија
Шутановац: Српската војска нема да се врати на Косово
Атина и Скопје да го прифатат името „Северна Македонија“
Петмина Палестинци повредени во судири со израелски доселеници
Војници на НАТО извршија претрес во домот на Радован Караџиќ
Извештај на Бан Ки-мун за Кипар
Училиштата во Делчево од утре почнуваат со настава
По повод Денот на лицата со хендикеп во Крива Паланка другарување со штетеници
Денови на македонското творештво во Србија
Јавна расправа за Нацрт амандманот 31 на Уставот на Република Македонија
Ден на идеи во Општина Делчево
Во Велес промовирана книгата „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“ од Убавка Гајдова
Општина Гевгелија донесе програма за тригодишен локален развој од 800 милиони денари
Во Штип исплатени субвенциите за земјоделството
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи