петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Промовирана книгата „Конески, поет и граматичар и типологијата на македонскиот јазик“ на академик Нуло Миниси

Скопје, 12 мај (МИА) - По повод 10-годишнината од основањето на Фондот „Трифун Костовски“, Македонската академија на науките и уметностите денеска ја промовираше книгата „Конески, поет и граматичар и типологијата на македонскиот јазик“ од италијанскиот лингвист Нуло Миниси, член на МАНУ надвор од нејзиниот работен состав. Во оваа пригода на авторот му беше доделено меѓународно признание „Блаже Конески“. Книгата на Миниси ја промовираше академик Луан Старова.

- Граматиката на Конески му понуди на новиот политички ентитет, државата Македонија, јасна и фиксна форма на тој јазик. Намерата на Конески не беше со тоа да го петрифицира јазикот. Тој беше сосема свесен за фактот дека ако еден жив јазик еволуира задолжително, тој, сепак, треба да има норми во кои таа еволуција ќе може да се смести, истакна академик Миниси на претставувањето на неговата книга.

Тој додаде дека благодарение на Конески Македонија повеќе од половина век има прецизен јазичен профил и дека неговата Граматика е краен дострел на еден книжевен процес чии зачетоци се во половината на 19 век. Целта на изданието, како што нагласи авторот, била да се дополни лингвистичкото дело на Конески и со расветлување на карактеристиките и посебноста на македонскиот јазик во рамките на индоевропските јазици.

Нагласувајќи дека нема разлика во културното и менталното оформување кај различните нации, Миниси рече дека останува да се изгради Европа бидејќи „некои нации кои се сосема европски, поради одредени моментални и апсолутно погрешни политички сметки се уште се надвор од Европската унија“.

- Ако исправката на оваа грешка е обврска на самите политичари и дипломати, тогаш задача на сите европски луѓе од културата е да кажат јасно и гласно дека политичкото единство на Европа треба да се простира дотаму до каде што допира европската култура, истакна Миниси.


Наjновo од Вести
Груевски од Нимиц очекува подобар предлог за името
Прилеп одбележа седум години од масакрот кај Карпалак
Шест загинати и 40 повредени во железничката несреќа во Чешка
На земјите од поранешниот Советски сојуз им се заканува вистинска епидемија на СИДА
Вредноста на криминалната економија во Британија е околу 40 милијарди фунти
Во Цхинвали повеќе нема престрелки, луѓето започнаа да излегуваат од скривниците
Руски воен авион нападна воена база во близина на Тбилиси
Црвенковски помилувал и поранешен пратеник на СДСМ
Ноќ на УНЕСКО на Охридско лето
„Право и правна држава“ ќе собира потписи и ќе организира протест
МВР Билтен
Извршни решенија за нередовните даночни обврзници во Струмица
Бербата на трпезни сорти грозје во Гевгелиско почна со рекордни откупни цени
Затворениците од полуотвореното одделение при КПУ Затвор - Скопје бараат амнестија
Отворен Центарот за односи со потрошувачите на ЕВН Македонија
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи