среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Вести / Македонија

Поднесени кривични пријави против две лица за инцидент во Раковец

Скопје, 13 мај (МИА) - Министерството за внатрешни работи вечерва поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од село Раковец, осомничен за кривично дело предизвикување општа опасност и против 31-годишно лице од Голема Речица, осомничен за соучесништво во истото дело, информираше на прес-конференција министерката Гордана Јанкулоска.

Таа посочи дека синоќа, околу 21 часот, во населбата Блок 77 во Тетово од слобода беше лишено лице  поради сознанија дека попладнето било инолвирано во инцидентот во селото Раковец. Очевидци  го идентификувале приведениот во полицијата и потврдиле дека учествувал во настанот.

- Утврдено е дека тој не бил директен извршител и не пукал во возилата, туку вчера околу 16 часот заедно со првопријавениот со „форд мондео“ без регистерски ознаки пристигнале во Раковец каде што ДУИ во ресторан, во центарот на селото, одржувала средба со жителите. Со намера да го спречи собирот првопријавениот извадил автоматско оружје и им се заканувал да го прекинат собирот и да го напуштат селото. По вербалните закани, испукал повеќе куршуми кон паркираните возила во непосредна близина на местото на собирот, соопшти Јанкулоска. 

Од престрелката биле оштетени шест возила, кои  во тој моментот биле празни. Четири од возилата им припаѓале на функционери на ДУИ. По инцидентот, како што информираше Јанкулоска,  двајцата го напуштиле местото на настанаот и се упатиле кон Тетово. Увидна екипа на СВР Тетово на теренот пронашла чаури кои се предадени на вештачење.

Против првопријавениот е распишана интерна потрага, а второпријавениот ќе биде изнесен пред надлежниот суд. Првопријавениот досега бил пријавуван и осуден е за недозволена трговија со оружје, а второпријавениот - за сторено кривично дело грабнување.


Наjновo од Вести
Бернанки: Финансиската криза се уште не поминала
Би-Би-Си: Економијата на Косово е во многу лоша состојба
Дебар домаќин на Регионална средба на цивилните инвалиди од војната
Катастарот за лозови насади ќе биде готов до крајот на годината, најавува министерот Спасеноски
Фестивал на аматерски театари „Лица без маски“ од 16-ти до 20 мај
Повторно блокиран железничкиот сообраќај со Грција, возовите ќе стојат до 15 мај
Малики пристигна денеска во Мосул за да раководи до воената офанзива против Ал Каеда
Во Битола отворена изложба „Полската книжевност во минатото и денес“
Словенечки „Туш“ го отвори својот прв маркет во Македонија
Влегувањето на Т-Home на македонскиот пазар ќе го одбележано со концерти на Здравко Чолиќ и Sugababes
МЕПСО нуди на аукција 2.450 мегавати од ноќните вишоци во периодот од 19-ти до 25 мај
Регионална конференција за безбедност и олеснување на глобалната трговија
Министерот Славески ја претстави Претпристапната економска програма на Македонија пред министрите за финансии на земјите членки на ЕУ
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи