
|
 |
Вести / Македонија
Регионална конференција на Програмата на Светската царинска организација за безбедност и олеснување на глобалната трговија
Скопје, 14 мај (МИА) - Царинската управа на Република Македонија денеска на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира регионална конференција во рамки на Програмата на Светската царинска организација за безбедност и олеснување на глобалната трговија (SAFE) со осврт на предизвиците на регионот.
Покрај претставници на македонската Царинска управа, на форумот ќе присуствуваат и претставници на царинските управи на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и УНМИК- Косово.
На конференцијата ќе бидат презентирани најновите трендови и препораки на Светската царинска организација за подобрување на царинското работење, предвидени во Програмата за безбедност и олеснување на меѓународната трговија на таа организација, чија членка е и Република Македонија. Целите и принципите на SAFE програмата на Светската царинска организација, двата столба на SAFE програмата, условите за добивање статус на овластен економски оператор и македонските искуства во поглед на Single Window, се меѓу темите на форумот.
Предавачи на конференцијата ќе бидат Симон Ројалис и Александар Ратников од Светската царинска организација.
Конференцијата е организирана во соработка со Светската царинска организација, USAID - BEA - Проектот за подобрување на деловното окружување и Економскиот факултет од Скопје.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|