вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Фестивал на аматерски театари „Лица без маски“ од 16-ти до 20 мај

Скопје, 14 мај (МИА) - Младинскиот културен центар годинава по пауза од пет години го возобновува меѓународниот аматерски театарски фестивал „Лица без маски“, на кој од 16 до 20 мај ќе гостуваат театарски ансамбли од седум словенски земји.

Фестивалот ќе биде отворен в петок со претставата „Нелинеарна еволуција“ на театар „Арлекин“ од Русија. На фестивалската програма се и претставите „Кралство“ на полскиот „Театар на една песна“, „Подобро врапче в рака отколку гулаб на гранка“ на театар „Дрски и убави“ од Словенија, словачката претстава „Мурлин Мурло“ на театар „Дивалди“, „Харакири“ на театарот „Полихимнија“ од Бугарија, литванската претстава „Јас сум проклето осамен“ на театар „Рокискис“ и „Нашиот мал живот врамен во сон“ на театар „Брод“ од Србија.

Покрај нив, на „Лица без маски“ ќе бидат изведени и две претстави од Македонија - „Скица за театар“ на театарот „Чекори“ и „Отпушоци“ на „Театар 007“.

- Аматерските театари се расадник за идни режисери и актери. Наша желба е „Лица без маски“ да ги допре корените и почетоците на Младиот отворен театар, преку синтагмата да се биде млад, отворен и достапен за секого, рече на прес-конференција извршниот директор на фестивалот Љубиша Никодиновски-Биш. Тој додаде дека Младинскиот културен центар со низата активности што ги прави во различни видови уметности станува замена на еден студентски културен центар што го немаат  студентите  во државата.

Селектор на фестивалот е  Игор Ивковиќ, кој заедно со Русе Арсов и Роза Нолчева е меѓу основачите на „Лица без маски“ пред десет години. Тој истакна дека се работи за нови естетики кои истражуваат во создавање театарски концепти. Ивковиќ додаде дека   се избрани претстави од кои можат да научат и професионалци и кои имаат чести гостувања низ светот и притоа посочи дека изразот аматерски не значи неквалитетно.

„Лица без маски“ е натпреварувачки фестивал и ќе додели Гран при за театарска претстава во целина и специјална награда. За најдобрите ќе одлучува жири во состав Снежана Коневска, Тодор Кузманов и Роберт Велјановски.

По претставите ќе бидат организирани средби на публиката со авторите, а на програмата се и работилници за пантомима, жонглерство и уличен театар, сликарство и изработка на накит.


Наjновo од Вести
Продолжение на амандманската расправа по Предлог - буџетот за 2009
Агенцијата Муудис предупредува дека турската економија без спогодба со ММФ ќе западне во рецесија
Шутановац: Српската војска нема да се врати на Косово
Атина и Скопје да го прифатат името „Северна Македонија“
Петмина Палестинци повредени во судири со израелски доселеници
Војници на НАТО извршија претрес во домот на Радован Караџиќ
Извештај на Бан Ки-мун за Кипар
Училиштата во Делчево од утре почнуваат со настава
По повод Денот на лицата со хендикеп во Крива Паланка другарување со штетеници
Денови на македонското творештво во Србија
Јавна расправа за Нацрт амандманот 31 на Уставот на Република Македонија
Ден на идеи во Општина Делчево
Во Велес промовирана книгата „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“ од Убавка Гајдова
Општина Гевгелија донесе програма за тригодишен локален развој од 800 милиони денари
Во Штип исплатени субвенциите за земјоделството
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи