
|
 |
Вести / Македонија
Повторно блокиран железничкиот сообраќај со Грција
Скопје, 14 мај (МИА) - Поради штрајк на персоналот во пристаништето во Солун, повторно е блокиран железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција, соопшти денеска АД Македонски железници.
Грчките железници го најавиле новиот застој и покрај постигнатиот договор на трилатералната средба меѓу македонските и српските железничари од една и грчките од друга страна за деблокирање на товарниот сообраќај меѓу Република Македонија и Република Грција.
Новото транспортното ограничување е за сите видови пратки и ќе важи до 15 мај 2008 година до 00:00 часот.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|