
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Во Битола отворена изложба „Полската книжевност во минатото и денес“
Битола, 14 мај (МИА) - Во Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Битола денеска беше отворена изложба „Полската книжевност во минатото и денес“.
Во салонот за промоции поставени се околу двесте книги и весници на македонски и полски јазик, преводи, весници и друга литература. За почитувачите на полската книжевност поместени се дела од Збигњев Херберт, Витолд Гомбрович, Вислава Шимборска, Олга Токарчук и други автори од Полска, но и дела на Блаже Конески преведени на полски јазик.
Во витрините на НУ Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Битола, изложен е весникот „Висла“ на друштвото за македонско-полско пријателство и соработка, како и стручна литература, граматика и речник со полски и македонски зборови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|