среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Вести / Македонија

Словенечки „Туш“ го отвори својот прв маркет во Македонија

Штип, 14 мај (МИА) - Во Штип денеска беше отворен првиот супермаркет на словенечкиот трговски ланец „Туш“.

- Првиот маркет на Туш се простира на 3.000 метри квадратни и вкупната инвестиција е 2,6 милони евра. Супермаркетот во Штип е првиот маркет на македонскиот пазар, а летово планираме да отвориме и во Куманово, а потоа и во другите поголеми градови. Во наредниот период планираме да вложиме 60 милиони евра, рече Александар Светелшек, генерален директор на групацијата „Туш“.

Светелшек потенцираше дека со влезот во Македонија се отвора можност македонските производи да се најдат на словенечкиот пазар.

- Присутни сме и на пазарот во Босна и Србија. Сметаме дека во Македонија е паметно да се инвестира бидејќи тоа е земја која нуди можности и има потреба од странски инвестиции. Словенечките компании се заинтересирани за вложување во Македонија, има позитивна бизнис клима, но проблем е бирократијата, вели Светелшек.

На отварањето на првиот маркет на Туш присуствуваа голем број граѓани на Штип, а во рамките на забавната програма настапија Дуле и Коки и Дани.


Наjновo од Вести
Бернанки: Финансиската криза се уште не поминала
Би-Би-Си: Економијата на Косово е во многу лоша состојба
Дебар домаќин на Регионална средба на цивилните инвалиди од војната
Катастарот за лозови насади ќе биде готов до крајот на годината, најавува министерот Спасеноски
Фестивал на аматерски театари „Лица без маски“ од 16-ти до 20 мај
Повторно блокиран железничкиот сообраќај со Грција, возовите ќе стојат до 15 мај
Малики пристигна денеска во Мосул за да раководи до воената офанзива против Ал Каеда
Во Битола отворена изложба „Полската книжевност во минатото и денес“
Словенечки „Туш“ го отвори својот прв маркет во Македонија
Влегувањето на Т-Home на македонскиот пазар ќе го одбележано со концерти на Здравко Чолиќ и Sugababes
МЕПСО нуди на аукција 2.450 мегавати од ноќните вишоци во периодот од 19-ти до 25 мај
Регионална конференција за безбедност и олеснување на глобалната трговија
Министерот Славески ја претстави Претпристапната економска програма на Македонија пред министрите за финансии на земјите членки на ЕУ
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи