
|
 |
Вести / Македонија
МЕПСО нуди на аукција 2.450 мегавати од ноќните вишоци во периодот од 19-ти до 25 мај
Скопје, 14 мај (МИА) - АД МЕПСО нуди на аукција 2.450 мегават-часови електрична енергија во периодот од 19-ти до 25 мај по почетната цена од 28,98 евра за мегават-час електрична енергија, утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.
На понуда на сите заинтересирани компании – трговци, директни потрошувачи од земјава и преносни систем оператори од регионов, се ноќни вишоци електрична енергија произведена од ЕЛЕМ во термините од 00 часот (полноќ) до 7 часот во секој од наведените седум дена.
Сите заинтересирани компании денеска до 14 часот треба да достават изјава и пријава за учество, а утре од 8 до 13 часот сите заинтересирани купувачи треба да ги достават свои понуди.
А.Д. МЕПСО утре до 16.30 часот ќе ги објави резулатите од аукцијата за третата седмица на мај.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|