
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Дебар домаќин на Регионална средба на цивилните инвалиди од војната
Дебар, 14 мај (МИА) - На 12 јуни Дебар ќе биде домаќин на петтата по ред регионална средба на цивилните инвалиди од војната, соопшти денеска претседателот на дебарското здружение на ЦИВ, Осман Машкули.
Тој додаде дека истата ќе се одржи под мотото „Мирот-среќна иднина“ и оти на неа ќе присуствуваат над 150 гости-претставници на здруженијата на ЦИВ од сите градови во Македонија, како и гости од албанските градови Тирана, Пешкопеа, Подградец, Корча и Елбасан, со кои не само со дебарското здружение туку и со Сојузот на ЦИВ на Македонија имат воспоставено добра соработка.
На средбата ќе присуствува и претседателот на Сојузот Љупчо Ефремов, претставници на Министерството за труд и социјална политика, локалната власт и претставници на институции од градот и бизнисмени кои ја помагаат активноста на ова здружение.
Според Машкули симболиката на мотото е дека само мирот може да донесе среќа, благосостојба и напредок за сите .
Во рамките на средбата ќе има и спортски и културни активности.
Одлуката да се реализира ваква активност во Дебар, според оценката на Сојузот е фактот што иако едно од помалите сепак дебарското здружение се вбројува во најактивните во Македонија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|