вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Катастарот за лозови насади ќе биде готов до крајот на годината, најавува министерот Спасеноски

Скопје, 14 мај (МИА) - Евиденција на производниот потенцијал, потврда за географското потекло и спроведување контроли, се клучните цели на Националниот регистар за лозови насади што треба да биде воспоставен до крајот на годинава.

Пред еден месец, со отворањето пет нови канцеларии во Неготино, Свети Николе, Охрид, Валандово и Скопје, почна втората фаза од овој меѓународен проект, вредна 474,8 илјади евра.

Лозовиот катастар ќе овозможи увид во површините под лозја, сопственоста, сортите грозје и нивната старост.

- Катастарската мапа која се исцртува компјутерски, ги опфаќа сите поголеми лозарски региони. Точно се знае големината на површините, сортата на грозјето, висината на производството и залихите, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски на денешната средба со новинарите.

Согласно Законот за вино, сите лозари во Македонија мора да се регистрираат.

- Првичната регистрација треба да заврши до крајот на годинава и практично ќе значи воспоставување на основниот систем за евиденција. Нови податоци постојано ќе се внесуваат. Производителите се должни, преку подрачните единици на Министерството, да ги пријавуваат површините, продукцијата и залихите, истакува Трајче Андреевски, правен советник на проектот.

Андреевски нагласува дека катастарот на лозја, не само што го следи производниот потенцијал, туку подразбира и предност при добивањето субвенции, како и услов за искористување на средствата од европските претпристапни фондови.

Според него, досега, иако немаше правна основа, одѕивот на земјодлците за пријавување на лозовите површини бил прилично голем.

Проектот за изготвување национален регистар на лозови насади почна пробно во 2004 година преку отворање канцеларија во Кавадарци со поддршка на Европската агенција за реконструкција. Во 2006 се набави потребниот софтвер и се направија потребните измени во законодавството согласно ЕУ препораките. Тогаш беа потрошени 1,2 милиони евра.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи