Сликата „Глава на жена“ од Пикасо по шест години повторно ќе биде изложена во МСУ

Скопје, 14 мај (МИА) - Сликата „Глава на жена“ на Пабло Пикасо која ја поседува Музејот на современа уметност (МСУ) по шест години повторно ќе им биде претставена на македонските посетители во Ноќта на музеите меѓу 17 и 18 мај во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите.

Сликата е донирана во 1964 година и припаѓа во збирката на светски дела што на Музејот му биле подарени по скопскиот земјотрес. Во својот историјат има претрпено и кражба, а последен пат е изложена во 2002 година. Оттогаш се чува во музејските депоа.

Директорката на МСУ Елиза Шулевска на прес-конференција информираше дека покрај познатата „Глава на жена“, на изложбата по повод Денот на музеите ќе биде преставено и уште едно дело на Пикасо, насловено „Танцот на сатирите“, што приватно го поседува колекционер од Македонија кој инсистирал на анонимност. Се работи за оригинална слика со сертификат, создадена во 1957 година.

Денот на музеите 18 Мај ќе биде одбележан и со традиционалната едукативна изложба „Сложувалка“  на која ќе бидат изложени педестина дела на ученици, а тој ден ќе биде затворена изложбата на Виктор Вазарели која поради големиот интерес беше продолжена за две недели. Изложбата, како што информираше Шулевска, ја виделе околу шест илјади посетители.

Со одделени активности Денот на музеите ќе го одбележи и Националниот комитет на ИКОМ, меѓународна организација за музеи, која во Македонија постои од 1993 година. Советувањето за музејските работници на Македонија  годинава ИКОМ го организира во соработка со Битола, која е Град на културата за 2008 година.

Како што соопшти претседателката на ИКОМ Захаринка Алексоска-Бачева, в петок во Завод и музеј Битола ќе биде одржано предавање „Музеите како движечка сила на општествени промени“ и презентација „Природни катастрофи и заштита на движното културно наследство“.

Таа информираше и за иницијативата на ИКОМ да востанови награда за особени достигнувања во музејската дејност во Македонија, за која конкурсот ќе биде распишан во септември. Наградата ќе се доделува во четири категории - за музеј на годината, за проект на годината, за музејски работник и за надворешен музејски соработник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...