
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Трета македонска книжевна визита во Софија
Софија, 15 мај (МИА) - Како продолжение на соработката меѓу издавачката куќа „Макавеј“ и Македонскиот културно-информативен центар во Софија со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија од денеска до 17 мај во бугарскиот главен град ќе се одржи Третата македонска книжевна визита.
Во рамки на програмата денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија за книжевниот портрет на Иван Чаповски ќе говори Блаже Миневски. Потоа ќе биде организирана средба со македонските поети Иван Чаповски, Трајан Петровски, Бранко Цветкоски, Паско Кузман и Илија Велев.
Во четврток ќе се одржи Книжевна трибина на тема „Бугарската и македонската литература во новиот милениум: појави и тенденции“ на која ќе учествуваат десетина македонски и бугарски книжевни научници, преведувачи и писатели кои се занимаваат со културната и книжевната соработка меѓу двете земји. Предвидена е и посета на гробот на Венко Марковски.
На Третата македонска книжевна визита годинава првпат ќе биде доделена меѓународната книжевна награда „Македонски книжевен Дедал“.
Наградата - специјална грамота и бронзена копија на статуетката на охридскиот Дедал, ќе му биде врачена на претседателот на Сојузот на бугарските писатели Николај Петев, кој во изминатите неколку години создаде добра клима за соработка меѓу македонските и бугарските писатели.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|