
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Изложба на полскиот фотограф Марк Лабно во Куманово
Куманово, 15 мај (МИА) - Во Центарот за култура Трајко Прокопиев вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии „Игра со темно-светли нијанси“ на полскиот автор Марк Лабно, уметнички фотограф од Катовице - Полска.
Во 90-те години на минатиот век како директор на Центарот за култура во Катовице Лабно ја организирал манифестацијата „Денови на македонската култура“. Тој остварил и повеќе соработки со македонските институции од областа на културата, меѓу кои, и со Музејот на град Скопје. Во моментов работи како директор на Галеријата во Катовице.
Изложбата се реализира како плод на добрата соработка помеѓу Македонско-Полското културно друштво „Вардар“ од Скопје и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Изложбата ќе биде поставена до 29 мај.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|