четврток, 18.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Вести / Македонија

Харлем глобтротерс за отворањето на новата сала „Борис Трајковски“

Скопје, 15 мај (МИА) - Светската кошаркарска атракција Харлем глобтротерс од САД составена од професионални кошаркари и циркузанти ќе ја забавуваат публиката на отворањето на новата повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ во Скопје на 22 мај. Предвидено е лентата за официјално отворање на салата да ја пресече премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

Харлем глобтротерс е егзибиционистички кошаркарски тим кој го карактеризира многу атлетизам и комедија. Основан е во 1926 година во Чикаго.

Нивниот настап ќе може да го следат 6.000 гледачи, колку што е и капацитетот на трибините кога се одржуваат спортски настани.

Неколку дена подоцна, на 31 мај, во салата ќе биде одржан и перформанс на танчерската сензација „Michael Flatley’s LORD of the Dance“.

Салата „Борис Трајковски“ ќе биде мултифункционален спортски и културен центар. Содржи и помала сала за кошарка и одбојка, кугларница, фитнес-центар, прес-центар и 56 коментаторски места.

Во големата сала ќе можат да се одржуваат и музички концерти, на кои ќе можат да присуствуваат 10.000 гледачи кои на располагање ќе имаат и четири ресторани со независни влезови и спортски бар кој може да се пренамени во дискотека.

Салата ќе има ВИП-бар и посебна ВИП-ложа за следење на натпревари и концерти. Поради меѓународните стандарди на спортските федерации, салата ќе има неколку видови осветлување и централен систем за ладење и греење.

Видеомониторингот вклучува и снимање на трибините со гледачи, што е новитет кога се работи за безбедноста на актерите и однесувањето на навивачките групи. Пред салата има паркинг за 800 возила, 32 автобуса и за три репортажни возила, а за инвалидизираните лица ќе има посебни тоалети, што е новост во нашите спортски објекти.

Салата има капацитет од 10.000 посетители, со 6.000 фиксни седишта и со 2.000 телескопски автоматски столови кои се подвижни. Таа е опремена со подлоги кои се ставаат за секоја пригода одделно. За одржување концерти врз паркетот се поставува огноотпорна и издржлива подлога.

Објектот е опремен со реквизити за кошарка, ракомет, ринг за бокс, борилиште, пинг-понг, како и со професионална бина за концерти. Седиштата на две трибини, кои се поставени една кон друга, се специјално дизајнирани така што го даваат ликот на македонското знаме.

Во втората фаза се предвидува изградба на помала сала со 500 седишта, како и посебна сала за гимнастика, фитнес и за аеробик, голема професионална кугларница со осум ленти, ресторан на две нивоа, деловни простории, дуќани и други содржини.


Наjновo од Вести
Стабилна состојбата со водостоите, водотеците и на патиштата
Заменик-министерот Поповски во Кочани ги посети повредените ученици кај Македонска Каменица
Во бомбардирањето на Дрезден во Втората светска војна загинале околу 25 илјади луѓе
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ за факултетот за технологии и дизајн на мебел
Доколку пропаднат преговорите за обединување на Кипар, претседателот Христофиас нема да се кандидира за втор мандат
Ревизијата за работата на Нелковски утре кај министерот Тодоров
Во ОУ „Никола Петров - Русиснски“ се спроведува проектот за „Зелени училишта“
Промовирани 22 наслова од проектот за превод на 500 стручни книги
СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за партиски упади во образованието
Предлозите од Нимиц одат во правец прифатлив за Грција
Избегнувањето на ТВ дуелот е избегнување на соочување со граѓаните
ВМРО - ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со решавање на проблемите на граѓаните
Optic
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи