вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Со средства на УСАИД (ПЕП) реновирано основното училиште во Кривогаштани

Скопје, 15 мај (МИА) - Во општина Кривогаштани денеска беше пуштено во употреба реновираното основно училиште „Манчу Матак“, за што средства во висина од 29 илјади долари беа обезбедени преку Проектот за основно образование на УСАИД (ПЕП).

- Во рамки на реновирањето старите прозорци беа заменети со нови енергетско ефикасни прозори. Пред реновирањето, училиштето губеше четвртина од неговото греење преку зима, значајно оптоварувајќи го општинскиот буџет. Оваа заштеда сега може да се инвестира повторно во образованието, се наведува во денешното соопштение од УСАИД.

Директорката на училиштето Роза Бурнеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на реновираното училиште истакна дека конечно учениците ќе имаат училишна средина каква заслужуваат. - Сега тие можат да учат повеќе и да постигнат подобри резултати. Со имплементирањето на овој проект, ние инвестираме во иднината на нашите деца. Сакам да им се заблагодарам на американскиот народ и УСАИД за нивната поддршка, рече Бурнеска.

Реновирање на училиштата, една од компонентите на Проектот за основно образование на УСАИД (ПЕП) го поддржува создавањето подобри услови за учење и децентрализација на училишните објекти во локалната власт. Проектот исто така работи на зголемување на пристапот и користењето на информатичката технологија и на подобрување на квалитетот на наставата по математика и природни науки во основните училишта во Македонија.  УСАИД/ПЕП планираат да инвестираат над три милиони долари за реновирање на повеќе од 100 училишта низ Македонија.


Наjновo од Вести
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
ОН: Дваесет патници се удавиле откако шверцери ги натерале да излезат од бродот
Косовски Албанци протестираат против планот за распоредување на Еулекс
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Светот го одбележува Меѓународниот ден на укинување на ропството
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
МВР билтен
Програма за одбележување на 60-годишнината од националниот парк „Пелистер“
Изложба на дела од ликовниот клуб во Кичево
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи