
|
 |
Вести / Македонија
Премиерно изведена претставата „Живот“ во Куманово
Куманово, 15 мај (МИА) - Претставата „Животи“ во изведба на Младинскиот аматерски театар Арт синоќа премиерно беше изведена во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Улогите ги толкуваат млади актери средношколци. Животот на две затворенички, нивните тешкотии, размислувања се темите за кои станува збор во претставата.
- „Животи“ е намената за сите возрасти, а во центарот на вниманието се две жени кои ги поврзува страдањето. Освен нивните животи опфатени се и негативните страни на животот воопшто, изјави режисерот на претставата Милош Андоновски.
Ова е втора претстава на младинскиот театар Арт. По претставата „Љубов за 17 долари“ ова е втора претстава на младите актерки. „Арт“ веќе функционира како матична форма на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|