
|
 |
Вести / Македонија
Премиера на „Тапани во ноќта“ во прилепскиот театар
Прилеп, 16 мај (МИА) - Прилепскиот народен театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт во режија на младиот режисер од Битола Мартин Кочовски.
- Голем предизвик е да се постави Бертолд Брехт на театарската сцена, дури и за балканските простори. Ова е претстава на целиот ансамбл, а не само на режисерските концепции, што е важно за современиот театар, вели Кочовски.
Претставата ја афирмира многуслоевитоста што е одлика на Брехт.
- Се протегнуваат три основни линии во петте чина. Ако во првите два чина приказната е за војникот кој се враќа од фронтот и очекува дека му останала само љубовта, во третиот чин нова развојна линија е прашањето за револуцијата, за на крајот да се постават други дилеми. Во претставата се третираат прашањата за смислата на борбата за промена на индивидуата, но и за смислата на театарот. Има низа од различни жанрови и изразни средства, објаснува режисерот Кочовски.
Претставата „Тапани во ноќта“ е ансамбловска. На сцената се 17 актери, има 100-ина костими, пеење, танцување. Ова е прва соработка на режисерот Кочовски со прилепската актерска екипа, а Бертолт Брехт се поставува вторпат по 15 години. Сценографијата е на Јулијана Војкова-Најман и на Филип Јовановски. Војкова-Најман се погрижи и за костимите, а музиката е на групата Фолтин. Во претставата играат: Владимир ќорЌијоски, Илина Чоревкс акоја гостува од битолскиот театар, Игор Трпче, Марија Спиркоска-Илиеска, Андон Јованоски, Александар Степанулески, Зоран Иваноски, Александар Тодески, Милан Секулоски, Димитар Црцороски,Никола Настоски, Наташа Наумоска, Виолета Чакарова и Димитрина Мицкоска.
Ова е втора претстава на прилепскиот народен театар Војдан Чернодрински од почетокот на годинава.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|