
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Во Приштина средба на работната групи за демаркацијата на македонско-косовската граница
Приштина, 16 мај (МИА) - Работната група за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово денеска ќе одржи состанок во Приштина, јави Косовската радио-телевизија.
Според Бесим Чолаку, копреседавач на Косовската група за демакација и шеф на Кабинетот на премиерот Хашим Тачи, предизборната кампања во Македонија нема да има влијание врз работата на заедничката комисија за демаркација на границата.
Чолаку, како што посочува Косовската радио-телевизија, повторил дека процесот на демаркација може да потрае подолго од очекуваното, бидејќи е потребно да се решат конкретни ситуации нa теренот.
Според официјална Приштна, во работата на заедничката комисија нема приоритети и ќе се постапува како што е договорено и предвидено согласно планот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|