На градското шеталиште во Битола танцуваа 312 матуранти
Битола, 16 мај (МИА) - Точно напладне на градското шеталиште во Битола, на патека долга 250 метри, матурантите од овој град се приклучија кон големата акција за модерно танцување.
- Танцуваа 312 матуранти од пет средни училишта во Битола, односно двете гимназии, економското, техничкото и медицинското средно училиште. Подготовките се вршеа еден месец, а обуката ја спроведе танцовиот клуб „Степ“, изјави Љупчо Стојчев, координатор на манифестацијата.
Битолските матуранти годинава вторпат учествуваа на матурската парада и танцуваа на музика од Шуберт.
|