
|
 |
Вести / Македонија
Прв германско-македонски толковник со стручни изрази од областа на енергетската ефикасност
Скопје, 16 мај, (МИА) - Во издание на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ од печат излезе првиот германско-македонски толковник со стручни изрази од областа на енергетската ефикасност.
Автор на толковникот е Георги Трајановски, експерт на ЦИМ од Германија, кој е на двегодишен работен престој во МАЦЕФ како експерт за енергетска ефикасност.
- Со се поинтензивното актуелизирање на темата енергетска ефикасност во Македонија, се потврдува проблематиката на јазичната бариера при употреба на изрази од стручна литература и тематика. Толковникот е наменет за олеснување на работата на повеќе целни групи и тоа: стручни лица од оваа област, студенти на стручни школи, преведувачи на стручна литература и пошироко, вели авторот во предговорот кон изданието.
Јазичната и техничката подготовка ја реализираше МАЦЕФ во соработка со ГТЗ во Македонија, додека печатењето целосно го овозможи канцеларијата на ГТЗ. Толковникот ќе биде достапен за заинтересираните, а ќе биде ставен на располагање на чинителите во новострартуваниот проект „Енергетски ефикасно градење со акцент на фасадна технологија“.
Авторот на Толковникот Трајановски е германски државјанин со македонско потекло. Тој дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а своето професионално усовршување и работа ги продолжил во Германија. Трајановски е единствен Македонец кој е член во Архитектонската комора на Берлин.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|